Двонеделна пауза е во првенството од фудбалската Прва лига на Македонија, а за овој период се очекува какви мерки ќе бидат преземени во екипата Победа, која е во тешка ситуација. Прилепскиот тим загуби на сите шест пролетни меча и затоа е на последното 11. место со 13 бода, еден помалку од Скопје. Претстои неизвесна борба на овие два ривала околу тоа кој ќе отпадне, кој ќе има шамса да се избори за опстанок преку бараж-меч. Прилепските фудбалски љубители се уште се надеваат дека нивната Победа ќе најде сили за спас.
Претстојниот викенд е празен (можен е само пријателски меч) а во следното коло Скопје е гостин на Шкупи, Победа на Шкендија.