Ракомет

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: ПЛУС 11 ЗА ДЕСПИНА!

Екипата Деспина со 26:15 ја совлада Гевгелија, во 2. рунда од плеј-аутот од женската ракометна Супер лига. Победата не е некое изненадување, но разликата од 11 гола секако дека е, имајќи предвид дека гостинскиот тим имаше три бода повеќе на табелата. Сепак, вечерва се виде разликата во играта. Деспина уште во првиот дел обезбеди голема предност. Прилепскиот тим покажува дека може да напредува до крајот на првенсвото. Сега на табелата двата тима, Деспина и Гевгелија се израмнети – имаат по 12 бода. Во следното коло Деспина е гостин на Шампион во Скопје, а Гевгелија слободна.

ПРИЛЕП ЗАГУБИ СО ЕДЕН ГОЛ

Машкиот тим на Прилеп беше фаворит со Јуниор КВ во Скопје, но вечерва резултатот е 27:26 за скопјаните. Последниот напад прилепчаните не го искористија и трите бода останаа за домаќинот. По 5. рунда од плеј-аутот во машката Супер лига, Прилеп има 11 бода, Јуниор КВ 7. Во наредното коло, Јуниор КВ оди кај Вардар во Неготино, Прилеп дома игра со Куманово.

 

 

Од категоријата

ИСТО КАКО ПРЕД 20 ГОДИНИ

Зоран Иге

ТРЕТ УСПЕХ ВО СЕРИЈА ЗА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

ДЕСПИНА Е СЕДМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе