Во Скопје се одржаа државни првенства за деца и јуниори низ настап на околу 150 натпреварувачи од сите клубови од Македонија. Еве извештаи од два прилепски клуба:
– Џудо-клубот Сеишин зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи при што освоени се 16 медали ( 4 златни,4 сребрени и 8 бронзени). Резултати поединечно: Деца: 1. Стојковска Тамара 2 ро место 2. Николоска Матеја 1 во место 3. Нарин Ристемоска 3 то место 4. Софија Божиноска 3 то место 5. Владан Стрезовски 3 то место 6. Арсениј Димески 2 ро место
Одлични борби прикажаа и децата Бисера Цветкоска, Александар Игнески, Дарио Јованоски и Иван Јошески но не изборија место на пиедесталот. Јуниори: 1. Мартина Јанкоска 1 во место 2. Кристина Мантроска 1 во место 3. Елеонора Илиоска 3 то место 4. Теа Настоска 3 то место 5. Теона Настоска 3 то место 6. Никола Магдески 1 во место 7. Георгиј Магдески 2 ро место 8. Сеадин Ристемоски 2 ро место 9. Михаил Стојановски 3 то место 10. Михаил Димоски 3 то место.
Одлични борби прикажа и Јован Стојановски со две победи и две загуби но не успеа да избори место на пиедесталот.
Клубот е задоволен со остварените резултати и продолжува со настапи на државно и меѓународно ниво.
Џудо-клубот Санкаку зеде учество со вкупно 9 натпреварувачи при што освоени се 7 бронзени медали. Резултати поединечно: Деца: 1. Бисера Јовеска 3 то место 2. Ивана Митреска 3 то место
3. Андреа Митреска 3 то место 4. Ване Ацески 3 то место 5. Марио Конески 3 то место 6. Христијан Бунески 3 то место 7. Мартин Тошески 3 то место
Одлични борби прикажаа и децата Ана Марија Конеска и Димитар Дебрешлиоски но не изборија место на пиедесталот. Клубот е задоволен со остварените резултати и продолжува со настапи на државно и меѓународно ниво.