Во Струга се одржа Меѓународен турнир во џудо „Струга опен“, на кој прилепски Сеишин зеде учество со вкупно 17 натпреварувачи. Освоени се 12 медали ( 2 златни, 3 сребрени и 7 бронзени).
До највредните медали – златните, стигнаа Теа Настоска кај јуниорките и Христијан Стојковски – Кико во конкуренција на лица со попреченост. Сребрените медали се за: јуниорката Кристина Мантароска, пионерите Тамара Илиоска и Немања Џагадуроски. За бронзи се изборија: јуниорите Теона Настоска, Мартина Јанкоска, Никола Магдески, пионерката Теодора Илиоска, децата Матеја Николоска, Владан Стрезовски и Марио Конески.
Тренери беа Дејан Мицкоски и Киро Здравески.