Во Охрид по 10 пат се одржа Меѓународен турнир во џудо. На овој турнир, Џудо клубот Сеишин – Прилеп зеде учество во сите предвидени возрасни категории со вкупно 19 учесници, а освоени се 10 медали ( 2 златни, 2 сребрени и 6 бронзени).
Резултати поединечно:
Кадети-ки:
- Тамара Илиоска 1 во место
- Теодора Илиоска 3 то место
- Марко Ацески 3 то место
Пионери-ки:
- Дино Кулевски 3 то место
- Дила Пупаловиќ 3 то место
Помлади Пионери-ки:
- Елдина Пупаловиќ 1 во место
- Матеја Николоска 2 ро место
- Халид Рамовиќ 3 то место
Деца:
- Иван Јошески 2 ро место
- Бисера Цветкоска 3 то место
По ова ЏК Сеишин Прилеп продолжува со подготовки за настап на идните меѓународни натпревари во текот на месецот, а особено со членовите кои се избрани во државните репрезентации за настап на престојните повисоки меѓународни настани каде ќе ја претставуваат нашата држава и нашиот град.