На средбата од некогашните генерации од пред 38 години на Фудбалскиот клуб Победа, беа и Звонко Костов од Кавадарци и Фарук Јонуз од Свети Николе. Двајцата низ разговорот се навраќаат на тие времиња кога прилепскиот клуб беше учесник во Втората југословенска лига – Исток.
– Бевме цимери и навечер во сабота правевме стратегија како да настапиме на неделниот меч. Секогаш бевме подготвени за Победа да го дадеме максимумот. Затоа во Прилеп паѓаа големи екипи, а и ние победувавме на страна. Во тоа време кога играше Победа, тоа беше фестивал – велат двајцата.
Подолу е комплетниот разговор со Костов и Јонуз:
ВИДЕО