Во рамките на последното 10. коло од плејаут-фазата на Супер лигата на Македонија, Прилеп – Струга 26:29. Првото полувреме заврши со иста разлика, 13:16. Најефикасни: Александар Тренчевски со 6, Давид Трајкоски со 4 (Прилеп), Олег Јорданов со 10, Ненад Костоски со 7 гола (Струга). Мечот наместо во Прилеп, се одигра во салата „Тими“ во Струга.
По овој меч заврши плејаут-фазата и оформена е конечната табела.
РЕЗУЛТАТИ последно 10. коло: Прилеп – Струга 26:29, Борец – Куманово 0:10, Пролет – Радовиш 30:28.
ТАБЕЛА: Пролет 19, Прилеп и Куманово 13, Радовиш и Струга 10, Борец -1.
Ако се земе предвид дека погорепласирани се сите 6 тима од плејоф-групата, екипата Прилеп вкупно земено е на 8. место во Македонија. Добро е што е остварен сигурен опстанок во Супер лигата, а следна амбиција е пласман во плејофот, меѓу 6 најдобри екипи во државата. Според тој план се и двете најнови засилувања во клубот – Сандро Дарсанија (20), грузиски десен бек кој доаѓа од Португалија и Божидар Лековиќ (34), црногорски лев бек кој доаѓа од Азербејџан.
Шампион на Македонија е Еурофарм Пелистер од Битола.