Највредни се признанијата, наградите коишто се добиваат надвор од родното место. Такво има добиено светиниколчанецот Мирсад Јонуз, некогашниот голман.
Кога бранеше за прилепска Победа во Втората југословенска лига – Исток градот Прилеп толку многу ги почитуваше неговите одбрани, што му го додели највисокото спортско признание – најдобар спортист на Прилеп за 1987 година. Од комисијата доби најмногу – 95 гласа од максимални 100, а најмногу доби и од читателите на весникот „Народен глас“ – 685. На второ место беше Назим Куртовиќ (Карате клуб Енергоинвест) – со 92 гласа од комисијата и 597 од читателите. Еве ги и другите одбрани меѓу десетте најдобри за 1987: Вера Стојаноска (Ракометен клуб Тутунски комбинат), Звонко Станојоски (Шаховски клуб Тутунски комбинат), Зоран Андоноски (Велосипедски клуб Илинден), Миле Конески (Фудбалски клуб Победа), Гоце Ристески (Стрелечки клуб Херој Прилеп), Весна Иваноска (Одбојкарски клуб 11 Октомври), Петар Локвенец (Ракометен клуб Тутунски комбинат) и Гордана Петреска (Атлетски клуб Трети ноември).
Таа 1987 година јавноста ја памети по серијата 8 меча без пораз на Победа во Втората југословенска лига – Исток, по дадените 11, а примениот само 1 гол: Победа – Мајданпек 1:0, ОФК Титоград – Победа 0:1, Победа – ОФК Београд 2:1, Металург Скопје – Победа 0:1, Победа – Влазними Ѓаковица 2:0, Борац Чачак – Победа 0:1, Победа – Црвена звезда Гњилане 3:0, Победа – Нови Пазар 0:0.