100 години фудбал во Прилеп

УЛИЦА ЗАБРАНЕТА ПОРАДИ ФУДБАЛ!

Пред повеќе децении кога во недела имаше фудбалско дерби во Прилеп, народот масовно одеше на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Незаборавни се глетките. Од сите страни луѓето од сите генерации брзо чекореа само во еден правец, кон стадионот. Поголемите, поглавни улици наликуваа на долги реки од народ, реки кои се влеваа на едно место. Поради метежот, отежнато се одвиваше сообраќајот. Автомобилите тешко можеа да се пробијат. За најголемата и најблиска улица до стадионот, „Александар Македонски“, некогашна „Моша Пијаде“, се однесуваше соопштението на Радио Прилеп, подоцна и на Телевизија Прилеп. Содржината беше отприлика ваква: „Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека поради огромниот интерес на публиката како од градот така и пошироко за фудбалското дерби Победа – ОФК Београд, ќе биде забранета за сообраќај улицата ,Моша Пијаде, в недела од 16 до 20 часот. Забраната важи за моторните возила и тоа од раскрсницата кај ,Солидност, до раскрсницата пред влезот за големата трибина.“

Над десет илјади гледачи безбедно купуваа влезници, влегуваа и излегуваа од стадионот во Прилеп.

Од категоријата

(видео) ТОНИ МИЦЕВСКИ: ПАМЕТАМ КОГА 2000 ГЛЕДАЧИ МЕ ПОЗДРАВИЈА НА ТРЕНИНГ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ВИКОТНИЦИ ВО КАБИНАТА!

Зоран Иге

ОДБОР ЗА СПАС НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе