На кадетот Марко Димитријоски, член на Џудо клубот Пролетер од Прилеп, му претстои настап во Англија. Имено, во Бирминген, во кадетска конкуренција до 50 кг. ќе се одржи Купот на Англија. Ова ќе му биде втор настап во таа возрасна категорија. Во јануари имаше деби во Купот на Шкотска, каде преку три победи се пласира на 5. место.
Марко е освојувач на бронзен медал до 15 години на БС за 2025, има сребрен медал од од Еју купот во Сараево и 5.место на Еју купот во Коацели, Турција. Освојувач е на голем број награди на меѓународни турнири во Србија и соседството.
Презимето Димитријоски не е случајно. Од многу одамна во џудото е познат неговиот дедо, професорот Славе Димитријоски, а потоа тренер стана и неговиот татко, проф. Игор Димитријоски, сопственик на меѓународна тренерска лиценца.
