Цел фудбалски Прилеп е во неизвесност околу судбината на Победа во Втората лига за в сабота со Новаци, но по иницијатива на Фудбалската школа „Вондеркидс“ под покровителство на компанијата „Касни-порасни“, во Прилеп по првпат се организира вреден настан, Меѓународен фудбалски „Лимонада-куп„ за деца родени 2011 година. Одржувањето е токму во тој ден, в сабота, 21 февруари, но на игралиштето со вештачка трева кај Типската населба во Прилеп. Учествуваат: домаќинот Вондрекидс, гостинските екипи ПАС Флорина од Лерин (Грција), Вардар (Скопје) и Пелистер (Битола). Самите имиња на учесниците предизвикуваат голем интерес, така што се најавува многу публика околу игралиштето. Системот меѓу 9 и 17 часот е „секој со секого“, а распоредот го објавуваме подолу:
