Ракометниот клуб Алкалоид од Скопје, освојувач на трофејот во Европскиот куп од ЕХФ, зеде 7 нови ракометари, меѓу кои има и од РК Прилеп. Станува збор за младиот Давид Трајкоски, лево крило. За него од скопскиот гигант имаат напишано дека е „талентирано лево крило и еден од најдобрите младински играчи“. На последниот првенствен меч за Прилеп, против Струга, во рамките на плејаут-фазата, Давид Трајкоски постигна 4 гола и беше втор стрелец во екипата, по пивотот Александар Тренчевски со 6 гола.
Другите 6 нови ракометари во Алкалоид се: Ѓорѓи Николовски, голман (Мултиесенс, Скопје), Михаил Аларов, пивот (Вардар, Скопје), Михаил Иваноски, десен бек (Дубочица, Лесковац), Емилијан Ѓорговски, лев бек, Ненад Костески, десно крило, како и Србинот Урош Борзаш, лев бек (тројцата од Еурофарм Пелистер, Битола).
Во овој период има многу новости во ракометните клубови, така што нови ракометари во Ракометниот клуб Прилеп се Сандро Дарсанија, грузиски десен бек кој доаѓа од Португалија и Божидар Лековиќ, црногорски лев бек кој доаѓа од Азербејџан.