Во Скопје беше Државното пингпонгарско првенство во сениорска конкуренција. Едно од најинтересните финалиња се случи кај сениорите, Ѓоко Јочкоски (Младост Прилеп) – Кристијан Станојковски (Крива Паланка). Се сретнаа 47-годишниот прилепчанец кој имаше досега 11 финалиња и исто толку сребрени медали против 28-годишниот кривопаланчанец кој имаше 11 титули. И овојпат победи Станојковски така што билансот е: 12 злата за Станојковски – 12 сребра за Јочкоски. Тие сигурно се двајцата најдобри пингпонгари во поновата историја на Македонија. Бронзени медали им се доделени на Петар Костовски (Младост 96 Прилеп) и Васко Манасијески (Работнички Скопје).
Натпревари имаше уште во четири конкуренции. Во женски поединечно златото е за Амелија Николов (Шампион ФА Штип), среброто за Софија Хасану (Младост), бронзата за Катарина Лаура Михајлов (Телеком нец 2 Скопје) и за Ива Димитриевска (Рисови Скопје). Во женски двојки златото за Ана Стојановска (Крива Паланка) / Катерина Лаура Михајлов (Телеком нец 2 Скопје), среброто за Софија Хасану (Младост) / Емилија Марковска (Младост 96), бронзите за Ива Димитриевска (Рисови Скопје) и Амелија Николов (Шампион ФА Штип) и за Васе Богоеска (Младост 96 Прилеп) / Сара Ризовска (Берово).Во машки двојки златото е за Сашко Богатинов/ Лука Стојчев (Шампиони ФА Штип), среброто за прилепчаните Антонио Стомнароски (Младост 96) / Мартин Калески (Струга), бронзите за Теодор Кировски (Ѓорче Петров) / Христијан Јованов (Рисови Скопје) и Димитрие Жоговски / Роберт Михајловски (Телеком нец 2 Скопје).
Во мешани двојки редоследот е: злато – Кристијан Станојковски / Ана Стојановска (Крива Паланка), сребро – Филип Младеновски / Амелија Николов (Шампиони ФА Штип), бронзите – Андреј Стојановски / Сара Стојановска (Крива Паланка) и за Ѓоко Јочкоски / Софија Хасану (Младост).