За се има првпат, така и за првата жена судија на машки прволигашки фудбалски меч. Токму за натпреварот од 25. коло на Првата фудбалска лига на Македонија, Шкендија – Победа за главен судија делегирана е Ивана Пројковска од Скопје. Се работи за судијка со меѓународно искуство. Помошници и се Дејан Костадинов и Гоце Петрески (Скопје).
На другите натпревари главни судии се: Александар Ставрев од Скопје (Македонија ЃП – Работнички), Јосип Бартон од Скопје (Струга – Академија Пандев), Стојанче Стојанов од Штип (Шкупи – Скопје), Александар Грујоски од Кичево (Брегалница – Тиквеш).