70 години ракомет во Прилеп

ПРИЛЕПЧАНИ ПОДОБРИ ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА БОСНА, ВОЈВОДИНА, КОСОВО И ЦРНА ГОРА!

Универзалната сала во Прилеп беше место каде што од 1 до 3 февруари 1980 година се одржа Петтото ракометно машко младинско првенство на Југославија. Учествуваа: Рудар Пљевља (Црна Гора), Металопластика Шабац (Србија), Аеро Цеље (Словенија), Сента (Војводина), Слога Добој (Босна и Херцеговина), Божур Гњилане (Косово), Партизан Бјеловар (Хрватска) и домаќинот, Тутунски комбинат (Македонија).

Екипата Т. Комбинат, бодрена од преполнетата сала, постигна две победи – со Сента (18:17) и Рудар (14:10), а загуби само од Металопластика (12:20). Бидејќи Металопластика ги совлада и другите екипи, Рудар (22:16), Сента (20:12), Т. Комбинат го освои второто место во групата. Следеше меч за третото место со вториот од другата група, Партизан. Гостите победија со 18:15. Во финалето Аеро Цеље – Металопластика 17:15. Така конечниот редослед е: Аеро Цеље, Металопластика, Партизан, Тутунски комбинат, Сента, Слога, Рудар, Божур.

Претходно се одржа Републичкото првенство на Македонија, каде прилепскиот тим беѓе најдобар, со победите над Лирија, Кале, Борец и Електромонтажа.

За Тутунски комбинат настапија: Небојша Бојаџиев, Пеце Велјаноски, Кире Стојаноски, Трајче Петрески, Бранко Арсоски, Марјан Тренкоски, Димитар Богданоски, Благоја Петрески, Гоце Бозароски, Гоце Боцески, Христо Белакапоски, Иван Хаџикочоски, Љупчо Илиески и Димитар Хаџипопоски, со тренерот Миле Велкоски.

Од категоријата

РАКОМЕТ НА ОГРОМЕН ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН!

Зоран Иге

ЗА НАВИВАЧИТЕ ЕМ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, ЕМ БОНБОНИ!

Зоран Иге

ЛИСТИ НА НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРКИ И РАКОМЕТАРИ НА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе