Кошарка

РАЗИГРАНИ ПРИЛЕПЧАНИ (фото)

Во 17. рунда од кошаркарската Трета лига Б-група, прилепски Мега баскет со високи 92:69 славеше над битолската Хераклеја. Во салата на ООУ „Добре Јованоски“ домашниот тим убедливо ги доби првата и втората четвртина, со 28:22 и 28:16, а во третата и четвртата разликата беше помала, 18:17 и 18:14.

Значи, се беше решено во првото полувреме. Прилепскиот тим се врати на победничкиот колосек, по минатонеделниот пораз во Тетово. Мега баскет покажа зошто во ова првенство е лидер на табелата и со амбиција за пласман во повисокиот ранг.

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија, Петрески, Здравески, Кузманоски, Станимировиќ, Крстески, Јаневски, Костоски, Стојчески, Јовчески,  Дејан Трајкоски, Давор Трајкоски. Тренер: Стефан Стевананџија.

ХЕРАКЛЕЈА; Ѓорѓиевски, Попов, Сердаров, Гулевски, Махмуди, Кочовски, Трајковски, Марков, Тодоровски, Илиев. Тренер: Михаил Трајковски. 

РЕЗУЛТАТ: Мега баскет – Хераклеја 92:69. Утре се игра Спарта – Љуботен, вторник Дибра иглс – Гостивар 2. ТАБЕЛА: Мега баскет 25, Тетекс 23, Гостивар 20, ИБА баскет, Хераклеја и Дибра иглс 18, Спарта 17, Љуботен 12. ПОСЛЕДНО 18. КОЛО (8 април): Љуботен – Мега баскет, Гостивар 2 – Спарта, Тетекс – ИБА баскет. 

Од категоријата

ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ПОЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП: ПРВЕНСТВОТО ПОЧНУВА ПО ПРАЗНИКОТ!

Зоран Иге

РЕВАНШ СО КАМАТА: МЕГА БАСКЕТ ПОБЕДИ СО 15 РАЗЛИКА!

Зоран Иге

(ВИДЕО) ПАК ПОЛНА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе