Фудбал

РОНАЛДО ДАДЕ ТРИ ГОЛА ВО МАРЕНА!

Во денешното 16. коло од Третата фудбалска лига – Југ, само еден меч заврши нерешено, Бучин – Превалец 2:2. Домашните водеа, гостите израмнија во финишот. На другите натпревари домашните ги зедоа сите бодови. Од стрелците најефикасен беше 20-годишниот Роналдо Фазлиов од Росоман со три гола. 

РЕЗУЛТАТИ: Бучин – Превалец 2:2 (Бојан Мицески 2 – Кристијан Маневски, Пеце Стојанов), Марена – Младост 3:1 (Роналдо Фазлиов 3 – Дарко Чапкуноски), Вардар – Обршани 7:0 (Петар Ристовски, Кирил Неделков, Петар Најдов 2, Дарко Нацев 2, Дарко Мојсовски), Локомотива – Питу Гули 2:0 (Дарио Петров, Робин Шабаноски), Слога – Росоман 4:1 (Есмин Колашинац 2, Адмир Угљанин, Виктор Стојаноски – Слободан Дуков).

ТАБЕЛА: Вардар 45, Питу Гули 38, Големо Коњари 31, Превалец 29, Слога 26, Росоман 21, Марена 18, Локомотива 17, Бучин 16,  Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.

СЛЕДНО 17. КОЛО (9 април во 15 ч.): Слога – Бучин, Росоман – Локомотива, Питу Гули – Вардар, Обршани – Големо Коњари, Младост – Превалец. 

Од категоријата

ЈОРДАНЧО ОДБИРА НОВ КЛУБ!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ПРИЛЕП: ДЕТОНИТ ПАДНА ПО УДАРИ СО ГЛАВА И ВОЛЕЈ!

Зоран Иге

НЕИСКОРИСТЕНИ ШАНСИ – ПЕТТИ ПОРАЗ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе