Викендов е 26. рунда од фудбалската Прва лига на Македонија. Од Фудбалската федерација се одредени службените лица. За мечот Победа – Шкупи главен судија е Стојанче Трпчевски, помошници Драган Трпчевски и Тоше Ицев (тројцата од Кавадарци). Интересно е тоа што главниот и првиот помошник се браќа. Четрти судија е Дени Лековски (Битола), делегат Иван Путилин (Скопје), контролор Ванчо Коцев (Штип).
ГЛАВНИ СУДИИ НА ДРУГИТЕ МЕЧЕВИ: Игор Стојчевски (Скопје) за Брегалница – Македонија ЃП, Јован Качевски (Струга) за Тиквеш – Силекс, Крумислав Ѓорѓиев (Штип) за Скопје – Струга, Игор Иванов (Велес) за Академија Пандев – Работнички.
Сите дуели се в недела од 15 часот.