70 години ракомет во Прилеп

НАТПРЕВАР СЕ ПРЕКИНА, ПА ПО 9 ГОДИНИ СЕ ДОИГРА ВО ПРИЛЕП!

Никогаш не се заборава 12 јуни 1993 година. Тој ден се играше реванш-финалниот меч од плеј-офот за прв државен првак на Македонија во ракомет за мажи, Тутунски комбинат – Пелистер, во салата „Македонија“ во Прилеп. При резултат 6:6 изби голем пожар во 17. минута и мечот беше прекинат, а околу 3000 гледачи бргу го напуштија објектот кој сосема изгоре.

Точно девет години подоцна, на 12 јуни 2002 година, натпреварот продолжи на истото место, во обновената сала „Македонија“, пред полните трибини. Овој меч продолжи таму каде што застана, од 17. минута, од нерешениот резултат 6:6, со забележаните голови кај стрелците. Се разбира, ова беше само симболично продолжение, со цел да се одбележи пуштањето во употреба на објектот. Судиите беа истите од пред девет години, Марјан и Драган Начевски, делегат Глигурче Локвенец.

 

Домашните победија со 38:27, а екипите настапија во следните состави, ТУТУНСКИ КОМБИНАТ: Димоски, Чупаркоски, Нешкоски 5, П. Локвенец, К. Илиески 4, Колев 2, О. Илиески 10, Б. Шокоски 3, С. Илиески 5, Колески 4, К. Стојаноски 2, Димитровски 3, Јусуфовски. Тренер: Гоце Бозароски. ПЕЛИСТЕР: Стефановски, Ангелов, Тоскоски, Андонов 1, Николовски 1, З. Мојсовски 1, Калајџиоски 1, Јусуфовски 4, Макалоски 2, Попоски 2, Шундовски 1, Темелков 3, Пандев 4, Митков 3, Велјановски, Стојковски, Димитровски 2, Мирзамамедов 2. Тренер: Цане Крстевски.

Од категоријата

ИГРАА ЗА ПРИЛЕП, А ОСВОИЈА ЗЛАТНИ МЕДАЛИ НА ЕВРОПСКО!

Зоран Иге

ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД УРНАТИНИТЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ПОДОБРИ ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА БОСНА, ВОЈВОДИНА, КОСОВО И ЦРНА ГОРА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе