Фудбал

ТРЕНЕРОТ СМЕНЕТ И ПОКРАЈ ОСВОЕНИТЕ 94 НАСТО ОД БОДОВИТЕ!

Денеска е 18. коло од фудбалската Трета лига – Југ. Интересно е што првпат сезонава екипата на Вардар од Неготино нема да го има тренерот Марјан Стојанов, со помошникот Марјан Смилков. Клубот ја прекина соработката со нив по минатонеделниот пораз во Крушево. Тоа беше прв пораз во првенството по 15 победи во серија и освоени околу 94 насто од бодовите. Нов тренер на Вардар е Љупчо Димитковски. Инаку, попладнево најинтересно е во Големо Коњари, каде е дербито Големо Коњари – Питу Гули. Токму гостинскиот тим минатата недела му го нанесе првиот пораз на лидерот Вардар, а сега е на големо искушение со одличниот тим на Г. Коњари. Денешни мечеви: Марена – Обршани, Бучин – Младост, Големо Коњари – Питу Гули, Локомотива – Слога. Почетокот е од 16 часот.

ТАБЕЛА: Вардар 45, Питу Гули 41, Превалец и Големо Коњари 32, Слога 29, Росоман 27, Локомотива 20, Марена 18, , Бучин 16,  Обршани и Младост  7, Канатларци 2.

 

Од категоријата

РАФАЛ НА АТАНАСОВСКИ, УШТЕ ЕДЕН ПОДВИГ НА МОГИЛА!

Зоран Иге

(состави, стрелци) ГОЛЕМО КОЊАРИ ДО СЕНЗАЦИЈА ВО ВЕЛЕС!

Зоран Иге

ЗАВРШИ ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ САСА – ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе