Ракомет

И БОДОТ ВО ПОСЛЕДНАТА СЕКУНДА ВОДИ КОН ОПСТАНОК!

Прилеп не го совлада скопски Јуниор КВ, но освои значаен бод, по ремито 24:24, синоќа во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Голот во последната секунда на левото крило Христи Бикоски води кон опстанок, со оглед на тоа што целта е пласманот до 5. место на плеј-аут табелата од Супер лигата.  Таму Прилеп има 21 бод, а шестиот Вардар 16, а остануваат само уште две кола. Најефикасни на последниот дуел беа Давор Шокоски со 13 гола, Мириани Гавашелишвили со 6.

РЕЗУЛТАТИ: Прилеп – Јуниор КВ 24:24, Радовиш – Голден арт 29:37, Струга – Вардар 41:30, Скопје – Куманово 30:23. ТАБЕЛА: Голден арт 30, Струга 24, Куманово 23, Прилеп и Скопје 21, Вардар 16, Јуниор КВ 15, Радовиш 2.

СЛЕДНО 13. КОЛО (21 мај): Куманово – Прилеп, Голден арт – Скопје, Радовиш – Струга, јуниор КВ – Вардар., 

Од категоријата

(фото+видео) ПРИЛЕП СО НОВ РАКОМЕТАР НА „МИЛЕ НЕШКОВСКИ“, ДЕНЕСКА ОТВОРЕНИОТ ТУРНИР!

Зоран Иге

ДВАЈЦА ГРУЗИЈЦИ ЗАМИНАА, ДВАЈЦА ОСТАНАА!

Зоран Иге

ЧЕТИРИ ЧАСА РАКОМЕТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе