70 години ракомет во Прилеп

КАКО СЕ НАСОБРАА 4000 ГЛЕДАЧИ В САЛА?

Пролетта и почетокот од летото носат разврска во спортските натпреварувања. Голема радост Прилеп доживеа во 1988 година. Тогаш покрај машки, градот доби и женски претставник во Втората ракометна лига на Југославија. Екипата Тутунски комбинат стана првак во Републичката лига на Македонија, во долга трка за бодови со Ѓорче Петров од Скопје.

Дотогаш женскиот ракомет немаше многу публика. Но, се случи дербито Тутунски – Ѓорче Петров во салата „Македонија“. Посетата ги надмина сите очекувања. Известувачите проценија 3000 па и 4000 гледачи. Амбиентот им даде сила на домашните ракометарки за триумф од 12 разлика, 28:16. И белградскиот спортски дневен весник „Спорт“ објави текст од Миле Талески со наслов „Успехот го поздравија 4000 навивачи“. Еве дел од тесктот:

„Дека „тутунарките“ навистина беа најдобри зборува податокот што ги победија сите свои противници, а единствениот пораз го доживеаја од својот најголем конкурент, Ѓорче Петров со 22:17. Меѓутоа, реваншот беше мошне убедлив, пред аудиториум од 4000 гледачи прославена е решавачката победа од 12 гола разлика.“

Тренери беа Петар Кузманоски – Таста и Влатко Коруноски – Лара, а ракометарки: Гордана Цветаноска, Марија Павлоска, Кети Базеркоска, Татјана Лозаноска, Даниела Воиновиќ, Гордана Смилеска, Елизабета Атанасоска, Вера Стојаноска, Каролина Митеска, Лилјана Паниќ, Кети Талеска, Лидија Белческа, Билјана Наумоска, Жана Митреска, Ане Магдеска и Снежана Наумоска.

 

Од категоријата

ПРВО ПРВЕНСТВОТО ПОЧНА, ПА КЛУБОТ СЕ ФОРМИРА!

Зоран Иге

ОД НИЕДНА САЛА ДО ДВЕ И ОБРАТНО!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИТЕ ДРЕСОВИ ГИ ИСПЛАШИЈА ГОСТИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе