Кошарка

(видео)ГО СОБОРИ РЕАЛ МАДРИД И ИМА ЛИЧНА КАРТА ОД ПРИЛЕП!

Колку подолго ги паметиме луѓето, толку повеќе вредат нивните дела. Синоќа само што се појави во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, легендарниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Блажевски беше поздравен од повозрасните љубители на кошарката, тие што се сеќаваат на неговите настапи не само во репрезентацијата на Македонија, Работнички или МЗТ Скопје со кого 1996 година преку два поена од слободни фрлања го сруши Реал Мадрид со 69:68, ами и во прилепскиот клуб 11 Октомври.

Тоа е во времето пред распадот на Југославија, меѓу 1990 и 1992 година. Тогаш 11 Октомври беше најсилен во историјата на Прилеп, го освои второто место во Републичката лига на Македонија, веднаш под МЗТ. Токму МЗТ беше совладан во Прилеп со 74:73, а за 11 Октомври, предводен од тренерот Пеце Ангелески, покрај Блажевски играа Књазев, Алексоски, Попоски, Здравковски, Стевананџија, Апцев, Николоски, Јошески, Вујасиновиќ, Војновиќ, Костоски.

Кусиот разговор со Перо Блажевски, во придружба на новинарот Миле Талески е на линкот:

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО ДВА РАЗЛИКА ВО ПЛЕЈОФОТ!

Зоран Иге

(фото+статистика) БОРБА ПОД КОШОВИ И НА ПАРКЕТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: БОРЕЦ И ПРОТИВ МЕГА БАСКЕТ И ПРОТИВ ПУБЛИКАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе