Фудбал

(фото+видео+статистика) ПОБЕДА ЦЕЛА ПРОЛЕТ БЕЗ БОД, СИМУНОВИЌ СЕ ВРАТИ ПО 8 МЕСЕЦА!

Ништо ново во врска со Победа, иако можеше да биде и поинаку резултатски, барем на крајот од првенството. Денеска во Прилеп Победа – Тиквеш 1:4, а во првото полувреме домашните водеа со 1:0, со голот на Србинот Огњен Ѓурковиќ во 33. минута. Прилепскиот тим се бореше според можностите, а гостите не можеа да дојдат до гол се до 51. минута. Тогаш по некоја случајност беше досуден индиректен удар за Тиквеш во домашниот шеснаесетник, по кој израмни Даниел Миловановиќ. Тука се случи пресвртот. Само три минути подоцна Александар Вареловски го доведе во водство гостинскиот тим. Се до 84. минута имаше надеж за бод на Победа, но тогаш на 3:1 за Тиквеш зголеми Миловановиќ, а пред самиот крај пенал реализира Иван Ивановски за конечни 4:1.

Екипата на Победа настапи со изменет и подмладен тим. По пауза од 8 месеци настапи Марко Симуновиќ, кој поради тешка повреда го немаше од мечот со Скопје на 4 септември минатата година.

ПОБЕДА (4-4-2): Шемкоски (79. Мариновски) – С. Спиркоски (81. Симуновиќ), Ѓурковиќ, Паноски, Ѓорчески (46. Петковиќ) – Наумоски, Аризанкоски (46. Кочоски), Дебрешлиоски, Алиу (70. Миланоски) – Ф. Спиркоски, Делибашиќ. Тренер: Благојче Дамевски.

ТИКВЕШ (4-4-2): Давков – Вареловски, Цубара, Костов, Дончев (46. Миловановиќ) – Мирковиќ (79. Костадинов), Тасев (86. Мемов), Лазаров, Петковски (46. Карчески) – Ивановски, Спахиу (46. Мишов). Тренер: Гордан Здравков.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Тиквеш 1:4. Скопје – Брегалница 1:2, Академија Пандев – Силекс 2:2, Работнички – Шкендија 1:2, Струга – Шкупи 2:1.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Струга 68, Шкупи 58, Шкендија 57, Силекс 48, Брегалница 41, Тиквеш 40, Македонија ЃП 39, Работнички 37, Академија Пандев 28, Скопје 22, Победа 13.

Струга е нов државен шампион на Македонија, отпаѓа Победа, а Скопје игра бараж со Вардар.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ :

 

Од категоријата

ОДМОР УШТЕ ТРИ ДЕНА!

Зоран Иге

СЛУЧАЕН КОРНЕР ГО ИЗВЛЕЧЕ ЛИДЕРОТ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

(фото, видео, состави, стрелци) АЈАКС ПОМИНА КАКО ЈУВЕНТУС ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе