Екипата Вардар иако супериорна во Третата лига – Југ, сепак совладана е вторпат во ова првенство. Тоа се случи во Големо Коњари, каде домашниот тим победи со 2:1. Стрелци: Блеранд Ќамили во 49 и Илчо Митрески во 78. минута за Големо Коњари, а Петар Најдов во 64. За Вардар. На овој начин, со победа, домашните му го „честитаа“ првото место на неготинскиот тим, кого го чека бараж за влез во Втората лига.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНОТО 22. КОЛО: Бучин – Обршани 1:2 (Александар Цветановски – Благојче Ефтинџиоски, Дарко Ефтинџиоски), Младост – Росоман 4:2 (Хоки Тодороски, Дарко Чапкуноски, Ивица Михајлоски, Душко Аврамоски – Кристијан Јованов, Мартин Темелковски), Превалец – Слога 3:2 (Ангел Гаштев, Пеце Стојанов 2 – Антонио Чоков, Онур Имероски), Марена – Локомотива 3:3, прекин во 68. Минута поради напад од домашен играч врз судијата (Роналдо Фазлиов, Берхан Мемедов, Александар Велјанов – Ѓунет Исеинов, Мартин Елејов, Дарио Петров), Големо Коњари – Вардар 2:1.
ТАБЕЛА: Вардар 57, Питу Гули 47, Големо Коњари 43, Превалец 42, Слога 33, Росоман 31, Локомотива 27, Марена 24, Бучин 19, Младост 10, Обршани 9, Канатларци 2.