Според изреката „крајот делото го краси“, така и Победа има прекрасен крај во Втората лига – Исток. Попладнево во Виница прилепчаните кои го имаа обезбедено првото место и прволигашкиот статус, иако наизглед немаа многу мотиви за триумф, сепак со 2:1 ја совладаа домашната Слога, која со евентуална победа ќе се надеваше на второто место. Стрелци на головите за гостите Даниел Карчески во 23. минута, Атхе Мазари во 80., а за домашните Иван Митров во 36. Прилепчаните добија аплаузи не само на крајот по освојувањето на трите бода, ами и пред почетокот, кога на капитенот Карчески му беше доделен шампионскиот пехар.
РЕЗУЛТАТИ: Братство – Осогово 2:4, Слога – Победа 1;2, Кожуф – Беласица 1:3, Детонит – Саса 2:1, Пехчево – Локомотива 3:0.
КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Победа 62, Беласица 59, Слога 55, Саса 45, Кожуф 37, Детонит 34, Пехчево 33, Осогово 31, Братство 15, Локомотива 7.
Победа е прволигаш, Беласица оди во бараж за Прва лига, отпаѓаат Осогово, Братство и Локомотива.