По отпаѓањето од Првата лига, Победа гледа кон првенството од Втората лига. Таму треба да учествуваат 16 тима. Засега, покрај Победа, познати се уште 9: Пелистер (Битола), Детонит (Радовиш), Беса и Аресими (Гостивар), Охрид, Кожуф (Гевгелија), Беласица (Струмица), Караорман (Струга) и Саса (Каменица). Другите 6 ќе се дознаат на следниов начин: 1 по баражот за Прва-Втора лига (Скопје – Вардар Скопје) 3 по трите бараж-дуела за Втора-Трета лига (Тетекс Тетово, Башкими Куманово, Вардар Неготино, Новаци Битола, Осогово Кочани и Велазерими Кичево. Последените 2 места извесно е дека ќе се пополнат со ждрепка од поразените на претходните дуели или со директен опстанок на Тетекс а со вклучување во бараж на Пехчево.
Победа ја чекаат тешки противници и во второлигашкиот ранг.