Кошарка

СИНОЌА ЗАГУБИЈА, ПОБЕДИЈА КОГА НАЈМНОГУ ТРЕБАШЕ!

Екипата на тетовски Тетекс е првак во третолигашката кошаркарска конкуренција, по синиќешната победа од 68:56 над прилепски Мега баскет. Во салата „Кале“ во Скопје прилепскиот тим не ги покажа претходните изданија, а една од причините се повредите кај неколку играчи. Сепак, поразот не е многу битен, бидејќи Мега баскет победуваше токму кога најмногу требаше – во основниот дел од првенството и во четвртфиналето и полуфиналето од плеј-офот, кога се обезбеди со второлигашки статус. Синоќешниот беше трет дуел на двата ривала. Претходно, во Тетово беше 71:65 за Тетекс, во Прилеп 93:84 за Мега баскет.

Тетекс и Мега баскет ќе се сретнат и наесен, во првенството од Втората лига на Македонија.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА ПОЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

СУДЕЊЕ ОД МЕЃУНАРОДНО НИВО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

МЕГА БАСКЕТ ВТОРПАТ ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе