Прилеп на едно коло до крајот на плеј-аут натпреварувањето обeзбеди опстанок во Супер лигата. Екипата и наесен ќе биде суперлигаш, со оглед на освоените бодови (22), недостижни за шестопласираниот Јуниор КВ (18 бода), имајќи предвид дека петте тима од горниот дел на табелата остануваат, шестиот игра бараж, последните две отпаѓаат. За ова дефинитивно да се постигне битен е синоќешниот резултат Куманово – Прилеп 28:28. Прилеп имаше шанса и за трите бода, но доволен е и едниот. Последното коло е само формалност, дома со Голден арт.
РЕЗУЛТАТИ: Радовиш – Струга 26:32, Јуниор КВ – Вардар 30:29, Голден арт – Скопје 30:24, Куманово – Прилеп 28:28. ТАБЕЛА: Голден арт 33, Струга 27, Куманово 24, Прилеп 22, Скопје 21, Јуниор КВ 18, Вардар 16, Радовиш 2. ПОСЛЕДНО КОЛО: Прилеп – Голден арт, Струга – Јуниор КВ, Скопје – Радовиш, Вардар – Куманово