Фудбал

(фото+видео-извештај) ДЕСПИНА СО ДОЖД ГОЛОВИ ПРЕД ДОЖДОТ!

Денеска беше мечот од последното, 22. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, Деспина – Шкендија. На игралиштето со вештачка трева во Прилеп домашните фудбалерки и пред дуелот беа фаворитки, а кога почна се виде дека беа без отпор на гостинот, кој настапи со само осум играчи, бидејќи имало многу отсутни од разни причини. И покрај сите проблеми, гостинскиот клуб постапи спортски и допатува во Прилеп. Но, поради повреда на две гостински фудбалерки, кои не можеа да се вратат во игра, некаде околу 40. минута судиите означија предвремен крај, според прописите. По неколку секунди се истури силен дожд, имаше и грмотевици, па и да не беа повредени фудбалерките, веројатно ќе дојдеше до прекин поради невремето.

И покрај тоа што траеше кратко, Деспина се погрижи да има што повеќе голови на овој меч. Серијата почна уште во 2. минута со голот на Настасја Накова, која постигна три гола. Во листата на стрелците се запишаа уште Катерина Милеска, Србинката Жељана Максимовиќ и Анастасија Илиевска, за резултат 6:0 за Деспина, која не искористи и пенал.

Со овие три бода Деспина има 40, двојно повеќе од лани кога собра 20. Тогаш беше на 8. место, сега на 4. Сигурно со прогресот се задоволни во УО на клубот – претседателот Славчо Ѓорѓијоски со соработниците Петре Илиоски, Илчо Јорданоски, членовите на Стручниот штаб – Стевчо Талески, Катерина Милеска и Диме Аџулески. На денешниот меч во записникот беа овие фудбалерки: Босанката Иман Шљиво, Србинките Николина Батиниќ и Жељана Максимовиќ, Настасја Накова, Јована Павловска, Катерина Милеска, Никица Трендова, Михаела Настовска, Сара Ефтинџиоска, Анастасија Илиевска, Јана Чубриноска, Јована Јованоска, Ана Боризоска, Јована Каралиоска и Фросина Трипчевска.

РЕЗУЛТАТИ: Деспина – Шкендија 6:0, Скопје – Истатов 2:2, Речица – Борец 4:0, Љуботен – Саса 1:1, Кочани – Тиверија 0:11. КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Љуботен 54, Саса 51, Тиверија 47, Деспина 40, Ас унитед 36, Скопје 33, Истатов 22, Речица 19, Шкендија 10, Кочани 5, Борец 3, Кул здравје 0.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ НА ЛИНКОТ:

 

 

Од категоријата

СОБРАНИЕТО Е ВЕДНАШ ПО ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ!

Зоран Иге

ТРЕНЕРОТ СМЕНЕТ И ПОКРАЈ ОСВОЕНИТЕ 94 НАСТО ОД БОДОВИТЕ!

Зоран Иге

(фото) ВО ПРИЛЕП ШЕСТ ГОЛА ДО 51. МИНУТА, ПОТОА НИЕДЕН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе