Титулата државен екипен шампион на Македонија во пинг-понг е за Младост 96. Прилепскиот тим денеска со 4:3 го совлада Телеком нец 2 во Скопје, и со 2:0 во победи во финалето од плеј-офот стигна до пехарот. Две партии денеска доби Србинот Ѓорѓе Борчиќ, една Петар Костовски, последната двојката Борчиќ / Костовски. Потсетуваме, вчера, на првиот меч во Прилеп беше 4:1. Успехот е колективен – на играчите, Ѓорѓе Борчиќ, Петар Костовски, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, како и на отсутните денеска Александар Рикалоски и Раиф Рустемовски, на тренерот Гоце Тошески и Управниот одбор предводен од Марјан Матракоски и Златко Рикалоски.
Младост 96 вторпат е шампион, по 2021 година, кога во финалето го совлада Младост.