Ракомет

ВКУПНО 16 МЕЧА ЗА 4 ДЕНА!

Организациониот одбор на Осмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ ги одреди групите и го изготви распоредот на натпреварите. Во А-групата се екипите Прилеп, Дубочица Лесковац (Србија), Скопје и Струга. Во Б-групата се Кокс (Финска), Еурофарм Пелистер 2 (Битола), Пролет и Мултиесенс (Скопје).

Во првиот натпреварувачки ден (петок, 25 август) од 13 часот е мечот Еурофарм Пелистер 2 – Пролет, потоа Скопје – Дубочица, Кокс – Мултиесенс, Прилеп – Струга. Вториот ден (сабота) програмата започнува со Еурофарм Пелистер 2 – Мултиесенс, а продолжува со Дубочица – Струга, Прилеп – Скопје и Кокс – Пролет. Третиот ден (недела) е со мечевите: Скопје – Струга, Пролет – Мултиесенс, Кокс – Еурофарм Пелистер 2, Прилеп – Дубочица. Последниот ден (понеделник, 28 август) од 10 часот е мечот за 7. место, а натаму за 5., 3., на крајот финалето и доделувањето на наградите.

Дали турнирот ќе се одржи во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ или во поголема сала, наскоро ќе има информација. 

 

Од категоријата

НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ НА ДЕСПИНА

Зоран Иге

НЕ Е ИСТО БЕЗ ГОЛГЕТЕРОТ

Зоран Иге

ДЕСПИНА Е СЕДМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе