100 години фудбал во Прилеп

ВИКОТНИЦИ ВО КАБИНАТА!

На 18 јуни 2006 година се одигра првиот меч од 1. коло на европскиот Интертото куп меѓу Победа и романскиот Фарул Костанца. За известување беа домашни новинари и од Романија. За нив на стадионот беа две кабини. Меѓутоа, во едната беа сместени некои апарати и камери за безбедност, па на располагање беше само едната кабина. Во неа, меѓу другите, беа и радио-репортерите. За Македонското радио јавувања имаше Драги Башески, за Романското радио – Радио Букурешт пренесуваа двајца Романци.  Бидејќи фиксните телефони им беа блиску, само на еден метар далечина, за да не си пречат се свртија грб со грб.

Во првото полувреме Романците само молчеа и ниеднаш не се јавија. Веројатно имаа проблем со линиите. Во кабината се слушаше единствено гласот на Башески. Свртен со грбот не ни насети што го очекуваше на почетокот од вториот дел. Тогаш, тие што само молчеа, одеднаш „експлодираа“. Кога едниот се развика колку што го држи гласот оти Фарул водеше со 1:0 во првото полувреме, Башески, свртен со грбот, доживеа „стрес“. Се обиде да возврати, но неговиот пристоен и одмерен глас не можеше да се слушне од оваа ненормална викотница. Викање и „дерење“ поголемо и од јужноамериканските коментатори.  Сите други што беа во кабината се разбегаа надвор. Којзнае што се слушна од сето ова на програмата од Македонското радио.

Долу на теренот Победа изваде 2:2 со головите на Небојша Стојковиќ и Никола Танчевски.

Од категоријата

МНОГУ ГЛЕДАЧИ – МАЛКУ ПРОДАДЕНИ БИЛЕТИ!

Зоран Иге

ЗНАМЕТО НА ПОБЕДА ВО БОСАНСКИ ФИЛМ!

Зоран Иге

УЛИЦА ЗАБРАНЕТА ПОРАДИ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе