Ракомет

ТИМ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Иако има повеќе од два месеца до Осмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“, Организациоониот одбор ги има деталите. Веќе се знае дека ова издание на турнирот ќе биде едно од најдолготрајните и најсилните досега. Првпат ќе трае четири дена, од 25 до 28 август. За квалитетот придонес ќе имаат две мошне силни екипи од странство – Дубочица Лесковац од Србија и Кокс од Финска. За Дубочица познато е дека многупати била гостин во Прилеп, не само на овој турнир, туку и на некогашниот „Гана-Мери“. Една од најсилните екипи во Србија, петтопласирана во последното првенство од Супер лигата. Минатата година беше победник на турнирот „Миле Нешковски“.

Интересно е и тоа што од далечната Финска доаѓа екипата Кокс. Веќе петнаесетина години безмалку редовно учествува во европските куп-натпреварувања. Има настапи и во Лигата на шампионите. Во нејзиниот состав се ракометари од десет држави: Финска, Португалија, Босна и Херцеговина, Полска, Франција, Русија, Белорусија, Молдавија, Грузија и Србија.

Од Македонија учесници се: Мултиесенс, Пролет и Скопје (Скопје), Еурофарм Пелистер 2 (Битола), Струга и домаќинот Прилеп.

Од категоријата

БЕА БЕЗ БОД, СЕГА ИМААТ 13!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПОБЕДИ И ГЛЕДА КОН ПЛЕЈОФОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ПОБЕДА ПРЕТЕНДИРА ЗА 2. МЕСТО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе