На 86 години почина Стеван Стеваноски – Матала, еден од најголемите пингпонгарски тренери во историјата на Прилеп. Меѓу првите е во градот што се занимава со овој спорт, уште во 1946 година. Подоцна се определува за тренерската позиција, и има многу успеси. Со екипата Младост е многукратен првак на Македонија, во рамките на Југославија. И по осамостојувањето на Македонија, прилепскиот тим под негово водство игра значајна улога во домашниот шампионат.
Стеваноски беше и меѓународен пингпонгарски судија, меѓу другото – на две светски првенства.