100 години фудбал во Прилеп

БЕЗ ТРЕНИНГ ДАДЕ ЧЕТИРИ ГОЛА, ЕДЕН НЕ МУ ПРИЗНАА!

На 23 јуни 1999 година се одигра првиот меч од 1. коло на европскиот Интертото куп на УЕФА, Победа Прилеп (Македонија) – Озета Дукла Тренчин (Словачка). На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ за близу 10 илјади гледачи беше „шок“ во 6. минута кога гостите со голот на Андреј Поразик поведоа со 1:0. Меѓутоа, домашните се разиграа, а се разлути Бразилецот Рожерио Оливеира. Тој цела недела не тренираше, седеше по летните бавчи очекувајќи трансфер во Турција и не планираше да игра. Но во последен миг се премисли, и на разделбата со прилепската публика сакаше да го одигра најдобриот меч. Така и се случи. Во 22. минута израмни на 1:1, во 30. го даде вториот гол за ерупција на трибините. Гостите ги фати паника, и ништо не ги спасуваше. Во 54. минута Оливеира стигна до хет-трик. Постигна и уште еден гол од полуволеј, но судиите од нејасни причини не му го признаа, па конечниот резултат беше 3:1 за Победа.

ПОБЕДА: Груевски – Жилсон (46. П. Ристовски), Николаевски, Стојковиќ, Р. Петров (63. Грозданов) – М. Стојкоски (88. Ј. Манев), Г. Лазаревски, Каранфилоски, Н. Здравески – Главевски, Оливеира. Тренер: Драган Канатларовски.

На реваншот Оливеира не настапи, Победа загуби со 3:1, но победи на пенали и се пласира во 2. коло за дуелите против италијанската Перуџа.

Од категоријата

(аудио) КОЈ МЕЧ Е СО НАЈМНОГУ ПУБЛИКА ВО ПРИЛЕП?

Зоран Иге

ПРЕД ДА КАЖЕ ЗБОГУМ – ОДБРАНИ ЧЕТИРИ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

КАРИКАТУРИ СО ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе