Фудбал

ПОБЕДА ПОЧНУВА ДОМА СО НОВАЦИ

Седмиот ден е од подготовките на Победа за второлигашкото првенство. Засега се кондициски тренинзи, потоа тактичко-технички, во чија рамка и пријателски мечеви. Првиот ќе биде следната недела дома, со второлигашот Новаци. Закажни за потоа се тестовите со уште три второлигаши – Караорман, Вардар Неготино и Пелистер.

Во врска со играчкиот кадар, нови, или поточно повратници се: голманот Иван Николоски (Беласица), стоперот Христијан Кукески (Караорман),напаѓачите Филип Димоски (Детонит Плачковица) и Беким Алимоски (Питу Гули), а се очекуваат уште неколкумина прилепчани да се вратат во матичниот клуб. Исто така важно е што во клубот останаа искусните Филип Стомнароски, Јорданчо Наумоски, Анатолиј Петејчук, Филип Спиркоски, Стефан Спиркоски, како и младинците Василиј Мариновски, Мартин Миланоски, Антонио Шемкоски, Давид Дебрешлиоски, Бобан Ѓорчески, Давор Богевски и други.

За в сабота е најавен првиот тренинг-меч меѓу два тима на Победа.

Од категоријата

ПОБЕДА СЕ ГОТВИ ДА ГО ИСКАЧИ ПЕЛИСТЕР!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ДРУШТВО НА ШКЕНДИЈА, РАБОТНИЧКИ И МАКЕДОНИЈА ЃП!

Зоран Иге

ЗАВРШИ ПАУЗАТА ОД 16 ДЕНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе