Фудбал

ПО ГОДИНА И ПОЛ ДОАЃА НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Утре (сабота) од 18 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се игра пријателскиот фудбалски меч меѓу второлигашите Победа и Новаци. Освен што настанот е можност за проверка на двата тима, за гледачите да видат фудбал по два месеца пауза, интересно е што гостинскиот состав го предводи тренерот Дарко Крстески, чиј матичен клуб е Победа. Тој се појавува на прилепскиот стадион по година и пол, бидејќи последен пат Победа ја водеше есента 2021 година. На човек кој минал децении на овој терен – втор дом, неизбежно е да му се јават емоции.

– Каде и да одам и по Европа и низ светот и во државава, Победа секогаш ја чувствувам како моја, бидејќи од неа тргнав и како фудбалер и како тренер. Кај да сум, секогаш ќе прашам за Победа како е. Тоа се знае дека е така. Но од друга страна, јас сум професионалец, си ја гледам работата и се трудам да направам најдобро за клубот во кој моментно работам – вели Крстески.

За Новаци е втор контролен меч, по тој со Пелистер, а за Победа е прв.

Од категоријата

ТРИ-ЧЕТИРИ ЗАСИЛУВАЊА ЗА ПРВО МЕСТО!

Зоран Иге

ЕСЕНСКИ КРАЈ: БЕСА 40 – ПОБЕДА 15 БОДА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НЕОЧЕКУВАН ОТПОР КОН ФАВОРИТОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе