Третата фудбалска лига – Југ обично почнува на крајот од август или на почетокот од септември. Според она што во последно време се зборува меѓу упатените, предлог-датум за старт на првенството е 10 септември. Дотогаш е подготовката на екипите.
Меѓутоа, кои екипи ќе учествуваат? Местото на неготински Вардар (влезе во Втората лига), го зазеде велешки Борец (отпадна од Втората), а отворени се две места од последнопласираните третолигаши – Канатларци и Обршани. Засега не се знае кои тимови се на нивните места, но се зборува дека се очекуваат пријави од општинските сојузи на Велес, Неготино, Кавадарци и Прилеп. Во врска со Прилеп, прво се најавуваше како кандидат Кадица од Забрчани (првак на ОФС Прилеп), потоа екипата Ултрас (една од подобрите во Квалитетната лига на ОФС Прилеп).
Службени информации се очекуваат од Велес, седиште на Третата лига – Југ.