Кошарка

ТРИБИНИ СЕ НОСАТ ЗА ПУБЛИКАТА ДА УЖИВА ВО ПРИЛЕП!

Зачестија турнирите во Прилеп. Неодамна беше Меѓународниот фудбалски турнир „Прилеп куп 2023“, а претстојниот викенд на ред се два. Првиот е Меѓународниот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Почнува утре (петок) и ќе трае до понеделник.

Вториот е кошаркарски турнир, поточно баскет-турнир под името „КГЈ 3х3“, име кое открива дека ќе се игра на кош на отвореното игралиште пред ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“. За да биде се регуларно , за вечерните натпревари е обезбедено силно светло од рефлектори, а за публиката да ужива, околу теренот ќе бидат поставени монтажни трибини. Натпреварите се во три категории: младинци до 18 години, сениори над 18 и ветерани над 40.  

Двата турнира се загревање за претстојните првенства  – Супер лигата во ракомет и Втората лига во кошарка.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА ПАК ПРЕПОЛНА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ПРВАЦИ, ИМ ПРЕТСТОИ БАРАЖ!

Зоран Иге

(аудио) СЕЌАВАЊЕ ЗА КОШАРКАРОТ СО СПОМЕНИК ОД ПРИЛЕПСКИ МЕРМЕР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе