Кошарка

(фото+статистика) БОРБА ПОД КОШОВИ И НА ПАРКЕТ ВО ПРИЛЕП!

Голема битка беше вечерва во Прилеп, во салата на ООУ „Добре Јованоски“. Првиот меч меѓу Мега баскет и Маџари од плеј-офот за влез во Втората кошарскарска лига, имаше продолжение од 5 минути, бидејќи по четирите четвртини беше нерешено 75:75. Во продолжението домашните дадоа 4, гостите 8 па крајниот резултат е 79:83 во полза на Маџари.

Гледачите во исполнетата сала беа сведоци на пожртвувана игра од двете страни. Не само под кошовите, борбата беше и за секоја топка долу на паркетот. Во првата четвртина беше 15:21. Втората убедливо ја добија домашните со 27:16. Третата пак беше за гостите, 11:16, последната нерешена 22:22 за да се оди во продолжение.

И дополнителните 5 минути имаа драматика. До последните моменти иако гостите водеа, прилепскиот тим имаше шанси за израмнување, но не ги искористи. На крајот аплаузи за двата тима за прикажаното. Претстои реванш во Скопје.

МЕГА БАСКЕТ: Митрески 1, Стевананџија 23, Петрески,  Здравевски 4, Станимировиќ 12, Крстески 5, Јаневски 8, Стојчески, Настески 11, Домлевски, Дејан Трајкоски 2, Кузманоски 13. Тренер: Стефан Стевананџија.

МАЏАРИ: Ивица Палевски 4, Влаховиќ 22, Тасовски 24, Иван Палевски 6, Крстев 4, Величковски 4, Рајковски 7, Кацарски, Макревски 11, Тодоровски 1. Тренер: Ивица Палевски.

БЛАЖЕВСКИ ГО ВОДЕШЕ МАЏАРИ!

Иако како тренери в записник беа запишани играчите – Стефан Стевананџија кај домашните и Ивица Палевски кај гостите, за време на мечот се виде дека во таа улога се познати стручњаци. Во екипата Мега баскет совети кон екипата делеа Сашо Костоски и Тони Стевананџија, додека кај Маџари инструкциите ги даваше прославeниот некогашен македонски репрезентативец Перо Блажевски.

Блажевски пред 30 години има настапувано за 11 Октомври од Прилеп.

Од категоријата

ТРИ НЕДЕЛИ ОДМОР ОТИ РИВАЛОТ Е ИСКЛУЧЕН!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: БОРЕЦ И ПРОТИВ МЕГА БАСКЕТ И ПРОТИВ ПУБЛИКАТА!

Зоран Иге

МЕГА БАСКЕТ ПОБЕДИ ВО ТЕТОВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе