Осмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ беше отворен пред Универзалната сала, каде што беше положено цвеќе на споменикот од починатиот ракометар и тренер. Притоа, пред присутните роднини, другари, соиграчи, пријатели, сограѓани, беше прочитана биографијата со најбитните детали од неговата ракометна кариера.
По обраќањето на градоначалникот Борче Јовчески, со кое е означен почетокот, место за одвивање на турнирот е салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Учествуваат осум тима, во А-групата Прилеп, Дубочица од Лесковац (Србија), Скопје и Струга, во Б-групата Кокс (Финска), Еурофарм Пелистер 2 (Битола), Пролет и Мултиесенс (Скопје). Убава можност за уигрување на екипите во пресрет на есенската првенствена борба за бодови. За Прилеп најавен е нов играч, потенцијално засилување, особено за одбранбени задачи.
Турнирот трае четири дена, а според денешниот распоред, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет (12:22), Скопје – Дубочица (24:36), од 18 часот е Прилеп – Струга, од 20 Кокс – Мулти есенс.
ВИДЕО од настанот е на линкот: