Шах

ПРИЛЕП ТРЕТ, АЛКАЛОИД ПРВ!

Во Охрид заврши Државното екипно шаховско првенство на Македонија. Прв е Алкалоид, пред Гамбит, двата скопски ривала кои водеа битка за врвот. На третото место се искачи Прилеп, тим со исти бодови како и Куманово. Подолу на табелата се Гостивар, Шкупи, прилепски Пелагон и Анпасан од Шипковица. За Алкалоид настапија: ВМ Нодирбек Јакубоев, ВМ Александар Инѓич, ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Тони Лазов, ВМ Велимир Ивиќ, ВМ Роландо Кутиров, Филип Михов, Михаил Јорданов и ВМ Драгољуб Јашимовиќ.

Во врска со настапите на прилепските претставници – Прилеп забележа три порази (2:4 од Алкалоид, 2,5:3,5 од Гостивар, 2:4 од Гамбит), едно реми (3:3 со Куманово), три победи (4:2 со Шкупи, 5:1 со Анпасан,  5:1 со Пелагон), додека Пелагон е со пет порази (2:4 од Гостивар, 1,5:4,5 од Гамбит, 2,5:3,5 од Куманово, 1:5 од Прилеп, 2:4 од Алкалоид), едно реми (3:3 со Шкупи) и една победа (4:2 со Анпасан). Екипата Прилеп настапи со: Бобан Богосављевиќ (Србија), ВМ Мирослав Миљковиќ (Србија), ИМ Дејан Стојановски, ИМ Тони Кироски, Кире Николоски, Васко Дамески, ВМ Тони Најдоски и Благоја Дамески. За тимот Пелагон одиграа: ВМ Далибор Стојановиќ (Б и Х), ВМ Никола Седлак (Србија), Горан Готовуша, Дејан Ѓорѓиески, Марјан Дамчески и Мартин Николовски,

Првопласираниот на конечната табела (Алкалоид) е шампион на Македонија, а последните две екипи (Пелагон и Анпасан)играат бараж-мечеви за опстанок со Струга, односно 7 Ноември од Гевгелија.

 

Од категоријата

ЧУДО: ЕДЕН ДЕН, ДВА ТУРНИРА ВО ДВА ГРАДА – ИСТИ УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ДОСЕГА

Зоран Иге

НИКОЛОСКИ ПОБЕДНИК МЕЃУ 58 УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе