Фудбал

НУЛА – ТРИ ДО 28. МИНУТА!

Натпреварот од 3. рунда на Првата женска фудбалска лига во Речица, Кумановско, помеѓу Истатов и Цевитана беше вистински интересен само до 28. минута. Тогаш гостинскиот тим од Прилеп поведе со недостижни 3:0, со голот на Сара Евтинџиоска од пенал. Претходно истата мрежа ја затресоа Михаела Настовска и Јована Каралиоска. Така, победникот веќе беше познат, па во второто полувреме само се зголеми водството на Цевитана преку вториот гол на Евтинџиоска, додека почесниот погодок за домашните го даде Кристина Петрушевска за конечни 1:4.

РЕЗУЛТАТИ: Истатов – Цевитана 1:4, Саса – Речица 6:0, Скопје – Ас унитед 1:2, Тиверија – Топ гол (денеска), Шкендија – Љуботен (в четврток),

ТАБЕЛА: Саса и Ас унитед 7, Скопје и Цевитана 6, Тиверија 4, Истатов 3, Љуботен, Топ гол и Речица 1, Шкендија 0.

СЛЕДНО 4. КОЛО: Топ гол – Цевитана, Ас унитед – Истатов, Љуботен – Скопје, Речица – Шкендија, Тиверија – Саса.

Од категоријата

(резултати, стрелци) ВЕЛЕШАНИ РЕМИЗИРАА – Г. КОЊАРИ ИСКОРИСТИ!

Зоран Иге

ДВА ГОЛА ВО КАМЕНИЦА НА МЕЧОТ САСА – ПОБЕДА!

Зоран Иге

СОЛЗИ НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе