Новото првенство од Супер лигата во ракомет се отвора и за прилепчаните, вечерва во 19 часот, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Мечот е меѓу Прилеп и скопски Бутел. Во претходното првенство Бутел беше на петтото, Прилеп на деветтото место од табелата. Но, сега прилепскиот тим е мошне засилен, па домашната публика очекува голема борба за трите бода. Потсетуваме, екипата Прилеп е посилна за Давид Ацевски (голман од Јуниор КВ), Левани Имнадзе (десно крило од Грузија), Драган Јелушиќ (среден бек од Црна Гора), Томче Трајчевски (пикер од Радовиш), Никола Цветаноски (лев бек од Струга), Пеце Рајатовски (десно крило од Голден арт) и Денис Шабановиќ (десно крило од Црна Гора).
Судии за дуелот Прилеп – Бутел се Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, делегат Игор Огненов (сите од Битола)
СУПЕР ЛИГА 1. РУНДА ОД Б-ГРУПА: Пролет – Вардар Н. 35:21, Мултиесенс – Голден арт 25:26, Прилеп – Бутел (вечерва од 17 ч.), Вардар С. – Еурофарм Пелистер (17 септември).