Фудбал

ОБЈАВЕНИ КАЗНИТЕ ОД ФФМ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ПОБЕДА

Бранителите на Победа – Стефан Спиркоски и Христијан Кукески немаат право на настап по еден натпревар, а голманот Антонио Столевски на четири натпревари, според објавата од ФФМ, во врска со црвените картони кои им беа доделени на дуелот дома со кочанското Осогово (1:0). Меѓу прилепчаните ова никој не го очекуваше, од многу причини. Пред се поради тоа што никој не памети Победа дома да добила три црвени картони и тоа против аутсајдер, при свое водство од 1:0. Потсетуваме – се се случи по 77. минута, кога натпреварот отиде во сосема неочекуван правец, по исклучувањето на стоперот Стефан Спиркоски – стартер во тимот и црвениот картон за голманот Антонио Столевски – беше на клупата за резерви. Тоа не беше се. Во 90. минута и десниот страничен Христијан Кукески (и тој од стартната постава) доби црвен картон.

Без овие тројца Победа в сабота игра дерби со Беласица во Струмица.

 

Од категоријата

ПОБЕДА ИМА ДОПОЛНИТЕЛНИ СИЛИ ЗА СТРУМИЦА

Зоран Иге

ТРОЈЦА БИВШИ ПОБЕДАШИ В НЕДЕЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПЕТ ГОЛА ВО ПРВОТО, САМО ЕДЕН ВО ВТОРОТО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе