Во рамките на 5. коло од Втората фудбалска лига, во Струмица Беласица со 3:1 ја совлада Победа. По ова традиционално дерби има реакција за судиска одлука во второто полувреме, за 54. минута. Имено, тогаш во напад е Победа преку соло-пробив од десната страна на играчот со број 7 (Беким Алимоски), по што следи старт во шеснаесетникот на играч од Беласица со број 5 (Давид Стојков). Според мислења на прилепчани постои прекршок за пенал, кој не е досуден.
Дали ќе има судиска анализа за оваа 54. минута?