Екипата Пролет со 30:25 го совлада Прилеп, во 2. рунда од Б-групата на ракометната машка Супер лига на Македонија. Во првото полувреме беше 17:13. Во второто полувреме прилепскиот тим се приближи на минус еден разлика, но самиот финиш им припадна на домаќините. Во следното 3. коло Прилеп дома игра со Вардар од Неготино.
СТРУЖАНКИТЕ УБЕДЛИВИ
Старт и на женската ракометна Супер лига на Македонија. Во 1. коло, Стружанка со 25:16 беше подобра од Деспина. Во лигата се 14 екипи.