Шах

ПРИЛЕП ГО СРУШИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ЛАЦИО!

На Европскиот клупски куп во Драч, прв триумф на Прилеп. Соваладан е италијанскиот Лацио со 4,5:1,5. Ремизира Горан Готовуша на третата табла со Роберто Верачина, а победија Кире Николоски на втората против ФМ Никола Паљети, Дејан Ѓорѓиески на четвртата со Карло Кастелфранчи, Марјан Дамчески на петтата со Лука Буфони и Алекс Насков на шестата против Роберто Рабити.

Претходно, Прилеп трипати загуби, прво од исландскиот Викинг со 1,5:4,5, кога единствената победа ја постигна Дејан Ѓорѓиески на четвртата табла против фидемајсторот  Пал Тораринсон, а реми изваде Алекс Насков на шестата табла со Гунар Рунарсон. Во второто коло пак пораз со истиот резултат 1,5:4,5 од исландски тим, Акурејри, каде победи Кире Николоски на втората табла со Халидор Халдорсон, а реми изваде ИМ Тони Кироски на првата табла со ФМ Рунар Сигурпалсон. Во третото коло пораз со 0,5:5,5 од англскиот Спау шаркс, каде реми имаше Дејан Ѓорѓиески на четвтата табла со Кевин Мекарти.

Другиот македонски претставник, скопски Гамбит има победа од 4:2 со ирската Гонзага, пораз со 0,5:5,5 од азербејџанскиот Вугар Гашимов, победа од 5,5:0,5 над луксембуршкиот Кавалиер, победа од 4;2 врз швајцарскиот Цирих.

На табелата Гамбит е 26. место со 6 бода, Прилеп на 75. со 2. Во денешното 5. коло Прилеп (рангиран на 75. место) игра со италијанскиот Клуб 64 (58), а Гамбит (31) со црногорската Електропривреда (17).

 

Од категоријата

НИКОЛОСКИ ПОБЕДНИК МЕЃУ 58 УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ Е ДРЖАВЕН ПРВАК

Зоран Иге

ПРИЛЕП ТРЕТ, АЛКАЛОИД ПРВ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе