Фудбал

ПРИЛЕПСКИ КЛУБ ИМА ПОТРЕБА ОД НОВИ ФУДБАЛЕРИ!

Низ центарот на Прилеп на повеќе места има плакати со известување дека Фудбалскиот клуб Прилеп сити има потреба од нови фудбалери. Појаснување ни даде првиот клупски човек Коста Мирчески.

– Точно, имаме потреба од нови фудбалери, затоа што сегашниот број на членови не е доволен. Клупските врати се ширум отворени за сите што дел од слободното време сакаат да го посветат на играње фудбал, имаат над 16 години и се слободни фудбалери, без клуб. Пристапувањето е едноставно и брзо, а клубот има обезбедено опрема – ни рече Мирчески.

Клубот Прилеп сити е вклучен во системот натпревари од ОФС Прилеп, во Б-групата од Општинската лига.

Од категоријата

ВЕЧЕР БЕЗ ПЕНАЛИ

Зоран Иге

ИЗДРЖАА 90 МИНУТИ БЕЗ РЕЗЕРВИ И ДАДОА 11 ГОЛА!

Зоран Иге

РИВАЛОТ НА ПОБЕДА, КУМАНОВО, Е ПРВАК МЕЃУ 14 ТИМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе